Тинејџер преживеал 49 денови на отворено море

Тинејџер од Индонезија успеал да преживее на отворено море цели 49 дена, хранејќи се само со риба.

19-годишниот Алди бил чувар на рибарска колиба на вода. При бура, силните ветрови ја срушиле оваа колиба и го однеле момчето на отворено море. Првите неколку дена преживеал благодарение на залихите од храна кои ги имал во колибата, но потоа морал сам да ја улови и да ја готви на запалени парчиња дрво од остатоците од колибата.

Додека бил во морето, неколкупати поминале бродови, но не бил забележан од никого, се до крајот на август, кога бил спасен во близина на Гуам.

Стигнал во Јапонија на 6 септември, а два дена подоцна се вратил во Индонезија каде повторно бил обединет со неговото семејство.

- Реклама -