Крвав четврток: Мукоски најубедлив во заканите, сведочи Атанасов

Поранешниот пратеник Петар Атанасов денеска сведочеше во Кривичниот суд за насилствата од 27 април во Собранието.

Тој изјави дека најубедлив во заканите бил обвинетиот Крсто Мукоски кој велел: „Народот ќе ја земе работата во свои раце, народот ќе ве казни, ќе видите што ќе ви направат…“

Атанасов додаде дека толпата во Собранието влегла со знамиња и стапови, а од страна сето тоа изгледало како масовна хистерија.

- Реклама -