Протекоа документи од Викиликс, Македонија уште во 2008 се согласила на „Северна“

Документ со наслов „Она што е потребно за Македонците да го решат спорот со името“ од 29 јули 2008 година протече преку Викиликс, пишува српски Б-92.

Според истиот документ, кој го зачувала тогашната амбасадорка на САД Џилијан Миловановиќ, се прифаќа промена на името на државата во Република Северна Македонија и признавање на македонските јазик и националност, нешто што е постигнато со сегашниот Договор од Преспа.

Во извештајот на американската амбасада стои:

„Амбасадата на САД во Скопје оценува дека македонската влада е спремна за отворање на патот кон НАТО и членство во ЕУ, да се согласи на името Република Северна Македонија во сите меѓунаротни организации.“

Црвената линија на тогашната влада била јазикот и националноста да останат македонски, а не северномакедонски.

Каде се смениле нештата потоа и зошто спорот не е решен уште тогаш?

- Реклама -