Неофицијални информации за тројното убиство во Дебар: Осомничена ќерката на убиените

За тројното грозоморно убиство се приведени три лица, меѓу кои и 25-годишната ќерка на семејството Поцеста, наведуваат медиумите, повикувајќи се на информации од албански медиуми.

Како што дознава 1ТВ од свои извори во полицијата, 25-годишната Б.П. е на распит во Јавното обвинителство, а за да го изврши делото ѝ помогнале две или три лица.

Кога семејството Поцеста било во Македонија, Б.П. останала во Италија. Едно од осомничените лица ѝ помогнало да дојде во Дебар, другото ѝ обезбедило оружје, а според 1ТВ, третото лице помогнало во извршување на делото.

Таа заминала во Италија, а откако роднините ѝ јавиле дека семејството ѝ е убиено, таа се вратила и ги оплакувала своите родители и сестрата.

МВР и Јавното обвинителство ги испитуваат причините и мотивите за ова дело, а се очекува да излезат со официјални информации во текот на денешниот ден.

- Реклама -