Прилепчанец загинал во сообраќајка на патниот правец Градско-Прилеп

Вчера на патот Градско-Прилеп во близина на бензинска пумпа се случила сообраќајка во која загина 51-годишен прилепчанец.

Според информациите на МВР, во несреќата учествувале камион „даф“ со приколка, со радовишки регистерски таблици, а управувано од Ј.П.(26) од Радовиш и автомобил „фиат фиорина“ со прилепски регистерски таблици, управувано од П.Т.(51) од Прилеп.

Oд здобиените повреди на самото место починал возачот П.Т.. По наредба на јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција и се работи на целосно расчистување на случајот.

- Реклама -