Алијансата за Албанците со поддршка за референдумот

Алијансата за Албанците ќе го поддржи референдумот, но и натаму ќе го задржи критичкиот тон кон работата на власта.

Денеска на Централно собрание на АзА била донесена оваа одлука, соопштил генералниот секретар на партијата, Арбен Таравари.

– Алијансата за Албанците ќе го повика членството да го поддржи референдумот со нашите забелешки што веќе јавно сме ги искажале околу Договорот со Грција. Тука треба да се спомене дека ние не сме биле за ваква формулација на прашањето околу референдумот. За жал, бевме исклучени за да одлучиме – изјави Села.

- Реклама -