Утрово имало сообраќајка во Дебар Маало

Две возила утрово се судриле на крстосницата од улиците Аминта Трети и Орце Николов.

Според сведоци, имало неколку повредени лица кои веднаш со итна помош биле пренесени во некоја од скопските болници.

На местото на несреќата е присутно возило и на Противпожарната служба.

Сообраќајот привремено е во прекин.

- Реклама -