Поминаа две години од поплавите во Стајковци

На 6 август 2016 година одекна веста дека Стајковци е тешко погодено од дождовите и невремето и дека има човечки жртви.

Вкупно 22 лица загинаа. Најпогодени беа населбите Стајковци и Ченто. Поплавени домови, уништена покуќнина и автомобили заглавени во ѓубре и кал, многумина ја опишаа оваа сцена како постапокалиптична.

Дождовите продолжија и во следните денови, но со намален интензитет. Сепак, стравот од најлошото остана.

Поради претрпената траума, многумина се плашат дури и од слабите дождови.

Министерството за финансии исплати штети на поплавените лица, но сите кои претрпеа штети од поплавите го делат истото мислење, дека ниту едни пари нема да можат да им го надоместат преживеаното.

Граѓаните на Македонија, но и од соседните држави се солидаризираа со Стајковци. Црвениот крст и доброволци секојдневно испорачуваа помош.

Осми август беше прогласен за ден на жалост.

- Реклама -