Јанко Бачев го предводи кризниот штаб за бојкот на референдумот

Претседателот на партијата Единствена Македонија го води кризниот штаб за кампањата за бојкот на референдумот.

Денеска, триесет организации потпишаа Меморандум за стратешка соработка со цел бојкот на референдумот.

Во кампањата се вклучија Христијанско братство, Македониум, Аманет 1903, Трета партија на Македонците, Тврдокорните, ВМРО-ДПМНЕ-Демократска фракција и други партии и невладини организации.

Кампањата ја почнаа под слоганот „Македонија бојкотира“. Тие најавија дека ќе одат од врата на врата за да ги убедат луѓето да не излегуваат на референдум.

- Реклама -