Се топи мразот од највисокиот врв во Шведска

Глечерот Кебнекаисе во Шведска не може да издржи под нетипично високите летни температури во арктичкиот круг.

Според шведските географи и биолози, токму во овој дел има ендемичен растителен и животински свет, а со топењето на глечерот се загрозува неговиот опстанок.

Во текот на јули, се стопиле четири метри мраз, а водата неконтролирано тече.

На почетокот на неделата јужниот врв бил висок 2.097 метри, односно бил само 20 сантиметри повисок од северниот кој е постоја на 2.096,20 метри.

Шведска во јули забележа рекордно високи температури и се бореше со десетици шумски пожари, дури и во арктичкиот круг.

- Реклама -