Халкидики брза да се заштити од дивоградби

Управата на општините на Касандра, под чија надлежност е целиот полуостров Касандра, познат како првиот крак од Халкидики, реши да се бори против дивоградбите.

Не е ништо ново дека туристичките места во Грција се прпеолни со дивоградби, но по катастрофите во Атина, управата на Касандра одлучила да урне ограден дел меѓу Ханиоти и Пефкохори, за да се ослободи пристап до морето.

Заменикот градоначалник од општина Касандра, Томас Кондос за радиото на грчката новинска агенција „Практорио 104.9 ФМ“ изјави дека конкретниот дел што денес се урива, е диво изграден меѓу два приватни имоти.

Случајот е стар повеќе месеци, но сопствениците на имотите доставиле документи со кои првично е запрено уривањето. Но, по деталното разгледување, била донесена одлука дека патот до морето мора да се отвори.

Планот за кракот е на секои 300-350 метри да има пат за пристап до морето.

- Реклама -