На матура, најдобри резултати по мајчин турски и германски странски јазик

Според оценките од државната матура која се полагаше во јуни, најдобри резултати се постигнати по турски јазик и литература (мајчин јазик), а најниска оценка е по англиски јазик.

Генералниот просек е нешто подобрар од лани и изнесува 3,42, за разлика од минатата година, кога бил 3,39.

Мајчин јазик и литература во јуни полагале 14.969 матуранти. Македонски јазик 10.122 и постигнале просечна оценка 3,66, албански јазик 4.474 со просечен успех 3,81, додека турски јазик полагале 373 матуранти со просечна оценка 4,18.

Средната оценка по предметот математика е 3,37, а го полагале 1900 кандидати. Од странските јазици, германскиот има највисока просечна оценка, 3,99 од 157 матуранти, 3,82 е оценката по француски јазик, додека по руски е 3,21. За англискиот јазик, кој го полагале 13.507 матуранти и добиле оценка 2,91 што е последица на идентични есеи, најверојатно симнати од интернет, кои се бодувале со 0 поени кај кандидатите.

- Реклама -