Дедо ѝ на Тамара од Велес осуден на 7 години и 6 месеци затворска казна

Љупчо Стојановски, кој ѝ е дедо на Тамара од Велес, која почина чекајќи лечење во странство, е осуден на 7 години и 6 месеци затворска казна за обидот за убиство на ексминистерот за здравство Никола Тодоров.

Како образложение за пресудата, судијката Софија Лаличиќ наведе дека одбраната на Стојановски повеќе време посветила на обвинување на институциите, наместо на барањењто на правдата.

Одбраната најави жалба и побара поради здравствени проблеми на обвинетиот да се укине притворот до извршување на казната

Според одбраната пресудата не е коректна бидејќи судот немал доволно докази за пукањето на пиштолот со тоа што и МВР потврдила дека обвинетиот немал барутни честички на раката.

За потсетување, Тамара Димова почина во 2015 година, чекајќи одобрение од ФЗОМ за лечење во странство. Таа имаше тежок облик на сколиоза, со висок степен на искривување на ‘рбетот. Нејзиниот дедо, на 1 јуни минатата година пукаше во Тодоров, во моментот кога тој ја напушташе својата дотогашна канцеларија во Министерството за здравство.

- Реклама -