Холивуд не губи време: Веќе се спрема филм за драмата во тајландската пештера

Продуцентите Мајкл Скот и Адам Смит веќе пристигнале во Тајланд за одблизу да ја следат целата спасувачка акција за децата од фудбалскиот тим кои беа заглавени во пештерата.

Според Би-би-си, продуцентите разговараат за филмски проект поврзан со целата драма која се случува од 23 јуни, кога момчињата и нивниот тренер влегоа во пештерата, но останаа заглавени поради поплавување на премините.

Прогнозите на спасувачката мисија се дека денеска ќе успеат да ги извлечат сите момчиња и нивниот тренер, со што оваа акција доаѓа на самиот крај.

- Реклама -