Експертите: Не ја чувајте чоколадата во фрижидер!

Лук Овен е кулинарски критичар и експерт за чоколадо. И има нешто важно (смета тој) да ви порача – тоа дека чоколадото речиси никогаш не треба да се чува во фрижидер.

Овен, воедно и сопственик на „бар“ кој продава чоколади, вели дека чоколадото во фрижидер станува „досадно“ и „не ги ослободува своите вкусови“.

Како што потенцира тој, исто како што високите температури можат да си поиграат со обликот на чоколадото, така можат и ниските да си поиграат со вкусот. Со други зборови, чоколадото не мора да се чува на „студено, суво и мрачно место“.

Ако веќе имате вистинска потреба да ја ставите чоколадата во фрижидер (надвор/дома е 50 степени), најдобро е прво да ја ставите во метална кутија, па дури потоа во фрижидерот. Пред консумација, сепак, прво оставете ја на собна температура.

Овен ова го говори од аспект на вкусот, но со него се согласува и Белинда Мунлајт – експерт за безбедност на храна. Кога чоколадото го чувате во фрижидер, објаснува таа, доаѓа до „цветање на шеќерот“. Тоа најдобро се гледа кога чоколадото е добро оладено, па потоа изложено на висока температура. Кондензацијата прави шеќерот на надворешноста да формира бела „обвивка“, а чоколадото добива вкус на „храна останата од вчера“.

Да сумираме; Чоколадата е највкусна на собна температура. Иделна за чување е од 15 до 20 степени.

- Реклама -