Хорор во Мелбурн, џип покосил група луѓе

Возач со теренско возило влетал во група луѓе на раскрсница во Мелбурн, косејќи сè пред себе. Полицијата констатирала дека тоа го направил намерно, но не е познат мотивот.

Најмалку 16 лица се повредени, но уште нема официјална потврда за загинати во случајот. Локалните медиуми веќе претпоставуваат дека се работи за терористички акт.

Возачот на џипот кој влета во група луѓе на трамвајска станица е уапсен, потврдила полицијата.

Најмалку едно дете е меѓу потешко повредените во овој настан. На граѓаните од оваа област им се препорачува да избегнуваат движење околу местото каде се случи нападот.

- Реклама -