Таа знаеше: Герила-акција против Мерил Стрип

Постери со фотографија на Мерил Стрип, на која преку очите ѝ е монтирана црвена лента со напис „Таа знаеше“ се појавија во Лос Анџелес.

Оваа акција против Мерил Стрип доаѓа по нејзината изјава дека таа знаела што Харви Вајнстин прави цело време со младите актерки.

За постерите е избрана фотографија на којашто актерката стои до озлогласениот продуцент.

Претходно таа негираше дека знае за наводните сексуални напади на Вајнстин врз помладите колешки, но била свесна дека многу актерки интимно биле со него за да се пробијат во Холивуд.

Инаку, уште не е познато кој стои зад овие постери.

- Реклама -