Кучето на Кери Фишер ѝ го препознало гласот

Помина речиси една година откако актерката Кери Фишер почина. Нејзина најистакната улога беше и остана принцезата Леа, во франшизата „Star Wars“.

Таа почина на 27 декември минатата година, а претходно ги имаше снимено сите сцени за осмата епизода „The Last Jedi“.

На едно од прикажувањата на „Star Wars: The Last Jedi“, било присутно и миленичето на Фишер, кучето Гери и секогаш кога ќе ја видел на екранот или ќе го чуел нејзиниот глас, ја препознавал и реагирал на неа, тврди поранешниот асистент на актерката.

Францускиот булдог Гери и самиот е „селебрити“ и има свој профил на Инстаграм со околу 166.000 следбеници. Тој дури и накратко се појави со улога во „The Last Jedi“. По смртта на Кери Фишер, грижата за него ја презеде асистентот Корби Меккоин.

- Реклама -