Протест за чист воздух во Скопје

Денеска во 12 часот пред Владата на РМ граѓаните на Скопје, но и сите останати кои сакаат да земат учество, ќе одржат протест поради загадениот воздух.

Граѓаните имаат барања до надлежните институции за животна средина, но и неколку предлози околу тоа како да се намали загадувањето.

На Фејсбук постои и официјален настан под мотото „Станете за чист воздух“.

Исто така, група родители најавуваат бојкот на наставата додека да се најде решение за проблемот кој ги засегнува сите граѓани. Од здруженијата за заштита на децата препорачуваат предвремен распуст.

Фотографијата е преземена од горенаведениот фејсбук-настан.

- Реклама -