Глигоров постхумно одликуван со орден „Св. Никола“

Општина Штип постхумно го одликуваше поранешниот претседател на Македонија со орден „Свети Никола“, соопшти градоначалникот Благој Бочварски.

„Орденот постхумно му го доделуваме на првиот претседател на независна Македонија, Киро Глигоров за да ги зачуваме од заборав неговите големи достигнувања и да покажеме доблест и капацитет да му го обезбедиме вистинското место во историјата на нашата земја.
Наградите ’19 декември’ ги добија: Трајан Анеглов (бизнисмен), Бобан Николов (фудбалер), Наташа Петровиќ (актерка) и Сања Арсовска (актерка)“, соопштува тој.

Бочварски вели дека штипјани се должни, како сограѓани на Глигоров, да ги сочуваат и негуваат достигнувањата на поранешниот претседател и да му го обезбедат вистинското место кое тој го заслужува во македонската историја.

- Реклама -