Функционерите од Владата ќе ги објават службените трошоци

Министрите, нивните заменици, државните секретари и генералниот секретар на почетокот на јануари ќе ги објават службените трошоци од претходните шест месеци.

На вчерашната седница на Владата бил усвоен овој предлог, за да може јавноста навреме да се информира колкав службен трошок сносат владините функционери.

Портпаролот на Владата, Миле Бошњаковски, информира дека за оваа цел ќе биде изработен интернет-сервис на којшто ќе се објавуваат податоците. Ова го побарал, министерот за отчетност, транспареност и комуникии Роберт Поповски.

Миле Бошњаковски – портпарол на Владата на РМ
- Реклама -