Скопјани вчера имале само два часа за дишење чист воздух

Вкупно два часа во коишто во воздухот имало дозволени нивоа на ПМ10 и ПМ2,5 честици е „привилегијата“ која жителите на Скопје ја имаа во изминатите 24 часа.

Најголема концентрација на ПМ10 е измерена во Лисиче, а количините варираат меѓу 140-533 микрограми на метар кубен.

Фотографија на жител на Аеродром објавена на Фејсбук

Во Карпош највисоките концентрации се измерени меѓу 18 и 23 часот. Се движеле, според мерењата, од 161, 204, 248 до 335 во 23 часот. Потоа се забележува намалување.

Во текот на вчерашниот ден мал период од два часа концентрациите биле во рамки на дозволеното или близу дозволените 50 микрограми. Тоа било на пладне меѓу 13 и 14 часот. Кај Ректорат загадено било во целиот период.

- Реклама -