Се најавува бесплатно болничко лекување за ранливи категории

Премиерот на Република Македонија најави дека во текот на идната година ќе се воведат измени во поглед на социјалната интеграција на ранливите категории.

Според Заев, при носењето на буџетот и неговата распределба, фокусот бил на ранливите категории, нивната заштита и правото и достапноста на болничко лечење.

Прашан кога и како ќе се реши проблемот на лицата без документи, Заев рече дека на почетокот на идната недела ќе следува состанок со Министерството за труд и социјална политика, за олеснување на докажувањето и обезбедувањето документи, особено кај нерегистрираните припадници на ромската заедница.

Министерот без ресор задолжен за имплементација на Стратегијата за подобрување на состојбата на Ромите во Република Македонија Самка Ибраимовски, најави дека на секои четири месеци ќе се одржуваат вакви јавни настани за претставување и анализирање на сите конкретни мерки во приоритетните области опфатени во Стратегијата за Роми.

- Реклама -