Карпошани ќе можат да пријават загадувачи

Сите фотографии се преземени од официјалниот профил на Фејсбук на градоначалникот на о. Карпош

Состојбата со аерозагадувањето секој ден е сè полоша, а од пред извесно време е констатирано дека постојат загадувачи кои горат секакви материјали, особено на територијата на Карпош.

По тој повод, Општината, заедно со градоначалникот Стефан Богоев, отворија телефонска линија која ќе биде достапна 24/7, за граѓаните да пријават загадувачи.

Секој кој ќе забележи палење на смет, гуми, пластика и друг отровен отпад, секој ден може да се јави на бројот 078/275-640 или во полиција и да го пријави загадувачот.

Исто така, на повеќе локации низ Карпош веќе се спроведуваат акции за чистење на околината и собирање на отпадот.

- Реклама -