И „Топлик“ влегува во судска процедура

Основниот суд Скопје 1 го прифати обвинението од СЈО за случајот „Топлик“ и со тоа истиот влегува во судска процедура.

Во случајот осомничени се поранешниот министер за транспорт и врски, Миле Јанакиески, и уште пет други вработени во Министерството за транспорт. Се товарат за незаконски постапки во врски со изградбата на „Сончев град“.

На 4 ноември Апелацискиот суд Скопје ги прифати жалбите на СЈО против решението на Кривичен суд од 27 септември годинава, со кое се забранува користењето на „бомбите“ како доказ во случаите „ТНТ“ и „Топлик“.

Извор на веста: Мета

- Реклама -