Автомобил-бомба експлодираше во Источна Сирија

Автомобил-бомба кој припаѓал на ИД бил поставен во градор Дер ес-Зор во Источна Сирија и при експлозијата загинале 20 лица.

Во истата експлозија повредени се уште 30 луѓе. Во овој град неодамна беше прогласено ослободување од ИД.

Според досегашните наводи, можно е бројот на повредени да расте.

Градот Сер ес-Зор е стратешка точка на Сирија во која се вкрстуваат патишта кои водат од источните, кон северните и централните делови на државата.

- Реклама -