Сообраќајка пред поликлиника Букурешт

Автомобили Рено и Шкода се судриле во близина на ТЦ Лептокарија, во Карпош. Сообраќајката се случила на крстосницата пред поликлиника Букурешт.

Според првичните информации, повредени се три лица, кои итно се пренесени во Ургентниот центар. Уште не се знаат детали околу нивната здравствена состојба, а се истражуваат и околностите под кои настанала сообраќајката, наведува Слободен печат.

- Реклама -