„Spice Girls“ се враќаат догодина?

Низ годините многу се шпекулираше за реобединувањето на еден од најомилените бендови од 90-тите, „Space Girls“, а веројатно тоа ќе се случи во 2018, освен ако не се предомислат. Пак.

Повеќе медиуми ја пренесоа веста дека Ема, Викторија, Мел Би, Мел Си и Гери ќе се вратат на сцената, по долги преговори и ќе реализираат серија проекти меѓу кои и албум и ТВ-специјал посветен на „Spice Girls“.

Најтешко да се убеди на ваков чекор ѝ било на Викторија, која со години се противеше на обновување на делото на бендот кој всушност, ја направи популарна. Сепак, победиле убавите спомени на популарноста и приврзаноста кон „Spice Girls“ како бренд.

Гери беше прва која ја напушти групата во 1998, на среде турнеја. Оттогаш тие продолжија некој период без неа, по што се фокусираа на соло-кариерите, како и на приватните животи и семејствата.

- Реклама -