Гостин нападнал угостител поради непогодена музика

Како што пренесоа повеќе македонски медиуми, нападнат е сопственикот на локалот „Сокаче“ во Скопје од страна на гостин на кој не му се допаѓала музиката.

Овој случај е потврден од страна на МВР и истиот е објавен во Дневниот билтен:

На 08.11.2017 година во 00.30 часот Ј.Е.(51) од Скопје пријавил дека претходниот ден (07.11.) околу 22.00 часот на ул. „Драган Ѓаконовски Шпато“ во угостителски објект, негова сопственост, од страна на В.К. бил физички нападнат. Имено В.К. поради незадоволство од постоечката музика во објектот, физички го нападнал пријавителот удирајќи го со тупаници по главата од кои Ј.Е. паднал на подот и се стекнал со видливи повреди, црвенило и оток на челото, посекотина на носот и гребаница и подлив на тилот. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.

- Реклама -