Рајските документи: Што сè се крие во нив?

Над 13 милиони документи обележани како „Рајски документи“ откриваат досега непознати информации за што сè поседуваат моќниците, популарните личности и светската елита.

Во Рајските документи се споменуваат големи брендови и компании, корпорации и моќници-поединци кои поседуваат скриени фондови и оф-шор сметки, како и нивните напори да ги избегнат даноците и како сето тоа го криеле нивните книговодители и сметководители.

Меѓу познатите личности кои се споменати во Рајските документи се и Мадона, Боно Вокс, Кира Најтли, кралицата Елизабета Втора, Путин, Трамп и т.н.

Во документите Боно е посочен со неговото вистинско име, Пол Хјустон. На пример, Мадона имала удел во компанија за производство и продажба на медицинска опрема, а кралицата Елизабета Втора дел од приватниот имот инвестирала во фонд на Кајманските острови за кој никој претходно никогаш не чул.

Во овие документи се споменуваат и имиња на истакнати личности од политичката и бизнис елитата од регионот.

Рајските документи протекоа во јавноста и стигнаа до рацете на уредништвото на „Зидојче Цајтунг“.

Меѓу компаниите затајувачи на данок се наведуваат „Епл“ и „Најк“, додека „Фејсбук“ и „Твитер“ примиле високи суми во форма на руски инвестиции.

- Реклама -