„Нетфликс“ му раскина на Спејси

По сексуалниот скандал на Кевин Спејси, „Нетфликс“ ги раскина сите договори со него, вклучувајќи го и оној за филмот „Gore“.

Во официјалното соопштение на стрим-сервисот се вели дека „Нетфликс“ нема да биде вклучен во продукција во која на било каков начин е ангажиран Кевин Спејси.

Продукцијата уште не знае што ќе се случува со Френк Андервуд, а опциите се или да го „убијат“ ликот или да се премине на спин-оф во кој Спејси нема да биде никако ангажиран.

Актерската екипа од „House of Cards“ се пожалила на неподнослива атмосфера, а се појавиле и обвинувања дека актерот сексуално вознемирува свои колеги.

Засега, против актерот не се водат никакви судски или истражни постапки, а неговиот портпарол најавил дека Спејси ќе се јави на психолошка проценка и лекување.

- Реклама -