ИД презеде одговорност за нападот во Њујорк

Исламската држава презеде одговорност за нападот што го изведе 29-годишниот Узбекистанец, кој со комбе влета во велосипедска патека на Менхетен.

Терористичката група за неделниот весник Ал-Наба изјавила дека напаѓачот бил еден од „војниците“, но не даде никакви докази во поддршка на тврдењето.

И покрај тензијата што се случува во градот, во недела ќе се одржи маратон со повеќе од 50 илјади учесници, но под засилено полициско обезбедување.

- Реклама -