Ана Винтур најмоќна жена во медиумите

Ана Винтур е уредник на американското издание на „Вог“ веќе 30 години. Според „Форбс“, таа е најмоќна жена во областа на медиумите и шоу-бизнисот.

Освен што е уредник на „Вог“, Ана Винтур е и уметнички директор на издавачот на списанието.

На истата листа се наоѓаат и Бијонсе, Тејлор Свифт и Џ.К. Роулинг. Критериумите на „Форбс“ при креирање на оваа листа се заработката, споменување во медиумите и општа влијателност.

Со оглед на тоа што на оваа листа ги нема Шерил Сандберг од „Фејсбук“ или Сузан Војчиски од „Гугл“, може да се заклучи дека на неа се нашле само жени кои се најмоќни и највлијателни во печатените медиуми и на естрадата.

- Реклама -