Одреден притвор за осум каталонски министри

Шпанскиот суд одреди мерка притвор за осум поранешни каталонски министри во случајот со незаконско изгласување независност на регионот.

Тие се обвинети за бунт, сепаратизам, злоупотреба на функцијата и политичко агитирање.

Обвинителството побарало затвор од Врховниот суд на Шпанија, а исто така доставено е и барање за апсење на Карлес Пуџдемон, кој не се појави во судот.

- Реклама -