Поевтин роаминг со Бугарија

Владите на Македонија и Бугарија во следниот период ќе потпишат меморандум за поевтин роаминг за земјите од Западен Балкан, најави Ивајло Московски, министер за транспорт, ИТ и комуникации во Бугарија.

Оваа идеја тој ја изнел на бизнис конференција во Софија, нагласувајќи дека роамингот за земјите од регионот е превисок.

Тој очекува операторите од Македонија и Бугарија, но и од останатите земји од Западен Балкан, да потпишат договор до крајот на оваа година.

- Реклама -