Школски другари настрадаа во нападот во Њујорк

Група другари од школските денови отишле во Њујорк да прослават 30 години од матура, но петмина од нив загинале во вчерашниот напад на Менхетен.

Аргентинските власти потврдиле дека нивни државјани настрадале во нападот, којшто полициските служби во Њујорк веќе го третираат како терористички напад.

Напаѓачот е идентификуван како Сајфуло Саипов од Узбекистан, кој во САД престојува од 2010 година.

- Реклама -