Мајкл Џексон најплатена покојна ѕвезда

Иако Мајкл Џексон почина пред осум години, тој уште заработува милиони како најплатена покојна ѕвезда, според листата на „Форбс“ за најплатени починати личности.

Петта година по ред Мајкл Џексон е на врвот на листата на „Форбс“ според овој критериум. Вкупниот профит од она што го заработува Мајкл Џексон изнесува 75 милиони долари годишно.

По него на листата е голф легендата Арнолд Палмер (заработка од 40 милиони долари), а трет е Чарлс Шулц (38 милиони долари). На петтата позиција пак, се наоѓа Елвис Присли.

- Реклама -