Германија и Чешка погодени од бурата „Херварт“

Бурата „Херварт“ со себе носи силни ветрови и поројни дождови коишто предизвикаа сообраќаен хаос и прекини на електричната енергија во делови од Германија и Чешка.

Во Германија е прогласена вонредна состојба во неколку градови, а одговорните служби примиле повеќе од 100 повици за помош и интервенции поради штети настанати во бурата „Херварт“.

Во северна Чешка се забележани ветрови со јачина од 136 километри на час, блокирани се пруги и патишта поради откорнати дрва и сообраќајни знаци.

- Реклама -