„Форбс“: Џеф Безос е најбогата личност на светот

Списанието „Форбс“ ја објави листата на најбогати личности во светот. На врвот се наоѓа Џеф Безос, извршен директор на „Амазон“.

Богатството на Безос е проценето на висина од 90 милијарди долари. До пред извесно време тој беше втора најбогата личност во САД, веднаш по Бил Гејтс од „Мајкрософт“, но во меѓувреме вредноста на акциите на „Амазон“ имаше висок скок на берзата.

Со ова, Гејтс се наоѓа на второто место на најбогати луѓе во светот според „Форбс“. Третото место му припаѓа на инвеститорот Ворен Бафет, четвртото на Амансио Ортега, сопственик на Зара, додека пак на петто место е Марк Цукерберг, основач и сопственик на најпопуларната социјална платформа, „Фејсбук“.

- Реклама -