Рекорден број на документарци ќе се борат за Оскар

За годинашното доделување на Оскар до Академијата стигнале 170 документарци, од кои само 15 ќе влезат во прелиминарните листи.

За 2016 овој број бил за 25 филмови помал, а комисијата за доделување на Оскар за документарен филм има само уште неколку недели да изгледа стотици филмови, пред да одлучи кои ќе одат во потесниот избор.

Исто така, постои можност документарец да влезе и во трката за најдобар филм, но сепак ова ретко се случувало во историјата на Оскарите.

Конечните номинации за Оскар ќе бидат објавени на 23 јануари 2018, додека пак церемонијата на доделување ќе се случува на 4 март 2018 година.

- Реклама -