Кинезите создадоа ГМО нискомаслена сланина

Кинеските научници со помош на генетски инженеринг креирале и веќе одгледуваат 12 мали прасиња со 24% помалку масти од обичните прасиња.

Тие се надеваат дека вака модифицираните прасиња ќе бидат поедноставни и поекономични за одгледување, но и поиздржливи на различни климатски услови.

Модификацијата е направена кај генот за согорување на масти, со што се регулира телесната температура на единката. Со ова, фармерите би заштетиле големи суми на греењето во просториите каде ги чуваат прасињата.

Исто така, ќе се подобри и квалитетот на примарниот продукт – месото, но за тоа треба да се добијат сертификати, со оглед на тоа дека се работи за генетски модифицирано месо.

Овие измени се направени со техниката позната како „CRISPR-Cas9“ во генот наречен UPC1, којшто служи за природна терморегулација кај сите цицачи, но кај свињите истиот е премногу рецесивен, па затоа тие складираат вишок на масти.

- Реклама -