Почина музичарот Џорџ Јанг, менторот на „AC/DC“

Музичарот Џорџ Јанг, познат уште како продуцентот на „AC/DC“, кого бендот го нарекуваше уште и свој ментор, почина на 70-годишна возраст.

Јанг е роден во Глазгов, а најголемиот дел од својот живот го помина во Австралија. Како што велат од „AC/DC“, Џорџ Јанг за нив ја одиграл главната улога во подемот на бендот.

Тој учествувал во пишувањето и продукцијата на нивните најголеми хитови, а како извршен продуцент и ментор, од бендот Јанг успеал да направи концертна атракција. Тој е комплетен автор на албумот „Back In Black“ od 1980, а учествувал и во „High Voltage“ и „Let There Be Rock“.

- Реклама -