Три самоубиствени напади во Нигерија

Во Нигерија, во градот Маидугури се случиле три самоубиствени напади, при што загинале 13 лица, а 16 се повредени.

Сите три напади ги извршиле жени кои на себе носеле експлозивни појаси. Првиот напад се случил во ресторан, а следните два на случајно избрани локации.

Овој дел од Нигерија е честа цел на групата Боко Харам. Досега, од нападите на Боко Харам загинале најмалку 20 илјади лица.

За последните три самоубиствени напади уште никој нема преземено одговорност.

- Реклама -