Влажни коловози и зголемено ниво на внимателност

Бидејќи сообраќајот во државата се одвива по влажни коловози, се препорачува зголемена внимателност за време на возењето.

Според АМСМ, во градските средини сообраќајот е умерен, додека на граничните премини нема подолги задржувања.

Особена внимателност и прилагодена брзина, како и почитување на сообраќајните прописи се препорачува на следните патни правци:

Кочани – Македонска Каменица – Делчево, Виница – Берово, Гостивар – Стража, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Катланово – Велес, Крушево – Демир Хисар и Ресен – Буково.

- Реклама -