Џена Џејмисон им се налути на „Плејбој“

Во ноемврискиот број на „Плејбој“ на насловната страница ќе излезе францускиот модел Инес Рау, што е првпат во историјата на списанието на насловна да имаат трансродов модел.

На ова, Џена Џејмисон изјавила дека по смртта на Хефнер, ова е очаен потег на „Плејбој“ да останат на пазарот по секоја цена. Поранешната старлета ја нарекува оваа одлука „будалеста“.

Џејмисон своето размислување го кажала и на Твитер, по што добила и поддршка, но и осуда од оние кои ја следат.

– „Плејбој“ има жени во него. Зошто е толку тешко да се сфати? – продолжила таа.

Со сличен проблем списанието се соочило во 1965 година, кога за првпат на насловната страница имало модел со афро-американско потекло.

- Реклама -