И Џон Сноу понекогаш плаче

Актерот Кит Харингтон кој го глуми Џон Сноу откри дека читањето на сценариото за „Игра на тронови“ предизвикало бура на емоции кај него.

„Сега знам сè“, изјавил тој откако го прочитал сценариото, додавајќи дека буквално му дошле солзи на очи.

Последната епизода од „Игра на тронови“ ќе се емитува во 2019, а актерската екипа веќе започна со снимање на сцените од осмата сезона, којашто воедно е и последна од серијата.

Харингтон изјавил дека кога стигнал на крајот, сфатил дека во изминатите осум години вложил многу работа и труд и дека сето тоа ќе му недостига.

Исто така, ангажманот за улогата Џон Сноу е најдолгиот проект во неговата кариера, што придонело тој да се приврзе за приказната и колегите од актерската екипа и продукцијата.

- Реклама -