25 најчести причини за смрт

Во „25-те најчести причини за смрт” Крис Џегер, од сајтот Medhelp.org, тврди дека луѓето треба да бидат загрижени од фактот  дека нивните возила „се брзински машини –  убиици”, отколку да се плашат од опасноста од терористички напад во авион. Ризикот од инцидент, додека преминувате улицата е 40 000 пати поголем од тоа да бидете  цел на терорист, пресметува тој, цитирајќи ја годишната листа од  Националниот совет за безбедност на САД. Што крие најголем ризик од тешки инциденти, вклучувајќи и нејасни случаи, ајде да видиме:

25. Огномет

Во САД околу 10 000 луѓе годишно го посетуваат болниците со повреди и изгореници предизвикани од неправилно ракување со огномет. Ризикот од смртоносниот инцидент се проценува на 1 до 615 488.

24. Цунами

Веројатноста од огромно  цунами зависи од географската област. Иако за Македонија овој ризик се движи  кон нула, на глобално ниво, тој е 1 на 500 000.

23. Паѓање на астероид

Во минатото шансата од вселената да падне нешто да те убие, бил 1 до 20 000. На денешен ден благодарение на техниката овој ризик е намален до 1 500 000.

22. Напад на кучиња

Ризикот од смртоносните напади на улични кучиња се проценува на 1 до 147 717.

21. Земјотрес

Овој ризик повторно е врзан со географијата на регионот. Во реоните со висока сеизмичка активност тој се проценува на 1 до 131 890.

 

20. Каснување од отровно животно.

Ризикот од смртоносниот инцидент поради каснување од пчела е два пати поголем од оној од каснување на куче, или 1 до 100 000.

19. Удар од гром.

Секоја година околу четвртина милион луѓе стануваат жртви на паѓање на молња. Ризикот од смрт се проценува на 1 до 83 930.

18. Торнадо

За жителите на регионите во САД и Индија, во кои има торнадо, ризикот е 1 до 60 000.

17.Смртна казна.

Овој показател значително варира. Во Европската унија пример ризикот е нула. Во земји како Кина, Северна Кореја, Јемен и Иран смртна казна се предвидува за голем број злосторства. Така статистички шансата вие да се најдете во улога на осудени на смрт е 1 до 58 618.

16. Поплава

Најраспространетата и опасна стихијна катастрофа одзема илјадници животи годишно. Ризикот од несреќата се проценува на 1 до 30 000.

15. Авионска несреќа

Летот во авион се смета за побезбеден од патување со автомобил. Ризикот од авионска несреќа се проценува на 1 до 20 000.

 

14. Давење

Според податоците на Светската здравствена организација давењето е третата најчеста причина за ненамерна смрт. Ризикот од смрт при овој инцидент е 1 до 8 942.

13 Електричен шок

Секоја година во САД има околу 1.000 вакви инциденти.  Ризикот за смрт  кај нив е околу 1 до 5 000.

12. Несреќа со велосипед

Ризикот сличен инцидент да заврши фатално е 1 до 4 717.

11. Природни катастрофи

Статистика ризикот од несреќата при удар на молња, торнада, поплави, земјотреси и други елементарни непогоди е 1 до 3 357.

10. Оган

Околу 50-80 проценти од смртните случаи при пожар се последица на труење со чад, а не како последица на изгореници. Пожарите одземаат илјадници животи годишно, ризикот се проценува на 1 to 1 116.

 

9. Прострелна  рана

Меѓу земјите со висок ризик се САД, Гватемала и Бразил.  Ризикот од смртоносно оружје  е 1 до 325.

8.  Пад

Ова е водечка причина за смрт кај децата и постарите лица. Ризикот е 1 до 246.

7. Самоубиство

На секои 40 секунди во светот се случува по едно самоубиство. Околу 1 милион луѓе годишно го одземат животот, што го покачува ризикот до 1 до 121.

6. Автомобилска несреќа

Секоја година околу 50 000 Американци загинуваат во сообраќајна несреќа. За Македонија  статистиката покажува дека при несреќи гинат по 132  луѓе ( за 2013-та)  годишно, а околку 400 ллуѓе се повредени од оваа причина, само во летниот период . Ризикот од фатална сообраќајна несреќа се проценува на 1 до 100.

 

5. Случајна повреда

Во САД секоја година околу 30 милиони луѓе ги посетуваат центрите за итна помош за оваа причина. Околу 100 000 луѓе гинат поради слични инциденти. Ризикот од смрт поради случајна повреда е 1 до 36.

4. Мозочен удар

На глобално ниво, ризикот се проценува на 1 до 23. 3.ж

3. Рак

Ризикот од ракот расте на глобално ниво, така што  ризикот од смрт од оваа болест  е 1 до 7.

2. Кардиоваскуларни болести

Според податоците на Светската здравствена организација кардиоваскуларните болести се главна причина за смрт меѓу незаразните болести. Ризикот кај нив се проценува на 1 до 5.

1. Старост

Дури и ако човекот се справи успешно со сите ризици како болести и несреќни случаи, на крајот останува феноменот „Никој не е бесмртен“. Се смета дека 125 години се границите на човековите можности.

- Реклама -