Утринава на патниот правец Градско-Велес, на автопатот се случи тешка сообраќајна несреќа во која загина едно, а повредени се две лица.
Утрово околу 4 часот патничко возило со скопски регистарски таблички изгубило контрола на движење и излетало од патот, кратко откако ја поминало наплатната станица кај Градско.
24-годишно лице од Гостивар го загуби животот, а 20-годишно лице е повредено. Во автомобилот имало уште еден сопатник, женско лице, засега непознато. Повредените се пренесени во болницата во Велес.