Повеќето од вас се навикнати на едноставните маски за телефон. Еднобојни, монотони и здодевни, испуштате да погледнете што се друго може да се пронајде на пазарот. Во последните неколку години дизајнерите се обидоа преку разни начини да им дадат живост на мобилните телефони, гледајќи на нив како дел од имиџот и одлика на карактерните особини на нивните сопственици. Доколку спаѓате во оние малкумина ексцентрици кои сакаат да експериментираат со изгледот на личните предмети, тогаш овие маски за мобилни од галеријата подолу со сигурност ќе ви се допаднат.