Музика што може да се слуша само во шума

John-Moose-2

Џон Мос е Шведски фолк бенд кој годинава објави дебитантски албум, а потоа и го понуди на публиката да си го симне “гага”. Во што е штосот? Во тоа што нивната музика макар и да ја симнете на вашиот смартфон, ќе можете да ја слушате само надвор од градот, поточно во шума.

John-Moose-3

Апликацијата работи на принципот на користење на Google Maps за да ја индентификува областа и да потврди дека сте надвор од гужвите.

Одлична идеја за да се стимулираат луѓето да излезат малку на чист воздух и да уживаат во добра музика. 365 ја поздравува нивната иницијатива.

- Реклама -